Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец" за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон" од Коле Чашуле. Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски" од Гевгелија. Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата "Стрниште затвор за жени", во која што главната улога ја игра глумицата Николина Василевска а во неа се појавува и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска. Награди -1968 година „Златен Ловорев венец" на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон" од Коле Чашуле -Награда „Млад Борец" -Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински" во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови" и Иљо М. во „Сенката" -Награда за најпопуларно ТВ-лице на "Екран" -Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот" -1984 година бил прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран" Награда "Ристо Шишков" -2010 Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
  • Name: Mite Grozdanov
  • Birth: 14/12/1943 (Strumica, Opština Strumica, Southeastern, North Macedonia)
  • Death: 25/11/2018 (Skopje, North Macedonia)
  • Died at 74
  • 1 المنشورات
  • 2 الصور
  • 0 الفيديوهات
  • Lived in Dolno Nerezi, Greater Skopje
Cemetery Info
التحديثات الأخيرة
المزيد من المنشورات